Актерот од „Пријатели“ го напушти Холивуд: Мет Лебланк има луксузен салон за автомобили во Лос Анџелес
Американскиот актер Мет Лебланк, најпознат по улогата Џои Трибијани во комичната серија „Пријатели“ („Friends“), се откажа од актерството и сега води луксузен салон за автомобили во Лос Анџелес, пишува „Дејли мејл“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Актерот, кој никогаш не ја криел својата страст кон автомобилите, ја водеше британската телевизиска емисија „Top Gear“ до 2018 година, кога се врати во САД за да помине повеќе време со своето семејство.
Сега медиумите открија дека Лебланк отишол чекор понатаму и инвестирал пари во специјализиран салон за луксузни автомобили – „RPM Motorcars“. Компанијата нуди луксузни и спортски автомобили и е специјализирана за пронаоѓање ретки модели за богати клиенти.
Еден од тие клиенти наводно бил неговиот близок пријател Метју Пери, со кого ја делел љубовта кон автомобилите од високата класа.
Овој салон е и семеен бизнис, бидејќи и неговата 20-годишна ќерка Марина беше видена неколку пати во салонот во последните неколку недели, понекогаш облечена во маица со логото на компанијата.
Ова само ги потврдува гласините дека Лебланк ќе ѝ направи пауза на својата актерска кариера. Актерот не се појавил во ниту еден филм или ТВ проект од специјалното обединување на „пријателите“ на Ејч-би-о во 2021 година, кога рече дека „ќе одвои малку време за себе“.


