Ема Стоун / Фото: Profimedia

ФОТО | „Изгледа чудно, што ѝ е?“: Ема Стоун непрепознатлива на Златните глобуси, фановите шпекулираат за нејзиното „ново лице“

Американската актерка Ема Стоун го привлече вниманието на годинашното доделување на Златните глобуси, но овојпат не поради номинацијата или модниот избор, туку поради нејзиниот изглед. На социјалните мрежи веднаш се отворија шпекулации околу тоа дали 37-годишната актерка направила естетски зафати, откако многумина забележаа дека нејзиното лице изгледа значително позатегнато од вообичаено.

Стоун прошета по црвениот тепих пред хотелот „Беверли Хилтон“ облечена во елегантен жолт комплет, со топ и здолниште што ја истакнаа нејзината фигура. Иако стилски беше беспрекорна, дел од јавноста коментираше дека нејзиниот тен изгледа речиси без ниту една брчка, што дополнително ги подгреа сомнежите и реакциите онлајн.

Ема Стоун / Фото: Michael Tran / AFP / Profimedia

Фотографиите од настанот брзо се проширија на интернет, а коментарите се поделени. Дел од корисниците на социјалните мрежи тврдат дека актерката изгледа „сосема поинаку“, прашувајќи се дали станува збор за козметички интервенции или само за силна шминка и осветлување. Се спомнуваа лифтинг на лице, филери, па дури и корекција на нос, иако немаше единствен став и многумина не се согласија со ваквите проценки.

Ова не е првпат изгледот на Ема Стоун да биде тема на јавни дискусии. Уште во септември 2025 година, по нејзиното појавување на ревијата на модната куќа „Луј Витон“ во Париз, каде што се фотографираше со Лиса Манобал од групата „Блек пинк“, дел од фановите коментираа дека е „непрепознатлива“.

Слични реакции следеа и на други настани, меѓу кои и премиерата на филмот „Бугoнија“ (Bugonia) во октомври. Актерката досега не дала јавен коментар за овие шпекулации.

Ема Стоун на ревијата на Луј Витон / Фото: Alain JOCARD / AFP / Profimedia

И покрај тоа што не ја освои наградата за најдобра актерка во категоријата филмски мјузикл или комедија, Ема Стоун делуваше расположено и опуштено на церемонијата. Таа беше забележана во разговор со режисерот Џон М. Чу зад сцената, а позираше и за селфи со актерката Алиша Силверстоун.

Филмот „Бугoнија“, нејзина трета соработка со режисерот Јоргос Лантимос, доби вкупно три номинации за Златен глобус, вклучително и за најдобар филм во категоријата мјузикл или комедија.

Инаку, неодамна Ема Стоун беше прогласена и за најубава жена на светот според студија базирана на златниот пресек, античка грчка формула за идеални пропорции. Истражувањето, кое користи напредни техники за мапирање на лицето, покажа дека нејзините црти се совпаѓаат со дури 94,72 отсто од математичкиот идеал за убавина.

Според „златниот пресек“: Ема Стоун е прогласена за најубава жена на светот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот