ФОТО | Избрана најдобрата дестинација за градски одмор во светот: Град кој многумина сонуваат да го посетат

Фото: Yann Caradec Youth for Europe

Во најновиот извештај на компанијата за истражување на пазарот „Еуромонитор“ (Euromonitor), Европа победува кога станува збор за туризмот и туристичките дестинации во 2024 година.

„Еуромонитор“ објави извештај кој дава листа на 100 најдобри градови или дестинации за одмор во град. Тие го споредуваат туризмот, одржливоста и економската успешност во метрополите низ светот. Според нивното истражување, Париз е најдобрата градска дестинација во светот.

Фото: Tommie Hansen / Flickr

Градовите се рангирани според шест клучни категории за да се добие севкупна оценка за привлечност. Категориите вклучуваат економски и деловен успех, туристички успех, туристичка инфраструктура, туристичка политика и привлечност, здравје, безбедност и одржливост.

Бодовите се доделуваат за туристичка побарувачка, пристапност, употреба на паметна технологија и проекти за зачувување.

Меѓу првите десет се најдоа Мадрид, Амстердам, Берлин, Рим, Барселона и Лондон. Покрај европските градови, меѓу првите најдобри десет се и Дубаи, Токио и Њујорк.

Мадрид / Фото: Luis Rodriguez / Profundidad.net

Европските градови продолжуваат да доминираат меѓу 20-те најдобри, а Минхен е на 12-то место, по кој следи Милано во Италија. Даблин е на 15. место, Виена е на 18. место, а Лисабон во Португалија е на 20. место.

Минхен / Фото: Wikimedia Commons

Надвор од Европа, Сингапур се рангираше на 11-то место, Сеул на 14-то место, Осака на 16-то место, Хонгконг на 17-тото и Лос Анџелес на 19-тото место.

Сингапур / Фото: Пекселс/kin-pastor

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот