Игор и Александар Џамбазов / Фото: Принтскрин / Инстаграм

ФОТО | Игор Џамбазов емотивен на тригодишнината од смртта на татко му Александар: „Не те заборавија луѓето, да знаеш“

На денешен ден, пред три години нѐ напушти познатиот македонски композитор и диригент Александар Џамбазов, кој остави неизбришливи траги во македонската музика.

Неговиот син, познатиот актер и шоумен Игор Џамбазов му посвети емотивна објава, во која му се обрати на нашиот драг маестро. Покрај тоа, Игор се присети и на нашиот Тоше Проески, кој трагично загина во 2007, а денеска ќе го славеше својот 44. роденден.

„Три години без тебе, маестро мој. Ти направија преубав мурал во Дебар маало, именуваа улица по тебе, има предлог една позната концертна сала да го носи твоето име. Не те заборавија луѓето, да знаеш. На истиов овој ден е роден нашиот ангел Тоше. Каква симболика!!!
Се родил најубавиот глас, а си заминал еден голем маестро. Животиште.
И токму денес, шест планети од сончевиот систем се израмнуваат на небото.
Редок момент за ретки луѓе.
Лесно ви небо и на двајцата!“, напиша Игор покрај фотографијата од маестро Александар.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

Да, потсетиме Александар Џамбазов е македонски диригент и композитор. Музичка академија завршил во Белград, а целиот работен век го минал во Македонската радио-телевизија, како диригент на Танцовиот и Ревискиот оркестар.

Има реализирано безброј снимки и концерти во живо. Настапувал во земјава и во странство. Добитник е на над педесетина награди. Се категоризира во четвртата генерација македонски повоени композитори.

Џамбазов е автор е на голем број детски песни. Беше иницијатор и долгогодишен диригент на фестивалот за деца „Златно славејче“ во Скопје. Пишувал сценска музика и филмска музика („Мементо“, за драмите „Мајка“, „Двајца на нишалка“ итн.) и повеќе дела од класичната музика, меѓу кои и „Рапсодија за Скопје“ – за пијано и оркестар (1966), „Седум танцови варијации“ – за пијано и оркестар (1977) и др. Компонирал и хорски композиции, како и голем број популарни мелодии.

Почина на 25 јануари 2022 година, на 86-годишна возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот