Рубен Аморим/Screenshot

ФОТО | Хит сцена во Италија: Рубен Аморим „влезе“ во игра за Џенова во Серија А

Навивачите кои ја следеа пресметката во Серија А меѓу Кремонезе и Џенова останаа изненадени кога на официјалната графика како фудбалер на гостите се појави ликот на Рубен Аморим.

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед во 89. минута на графиката беше најавен и како влегува во игра на местото на Алекс Аморим. Секако, стануваше збор за техничка грешка и некој место ликот на Алекс Аморим го ставил оној на Рубен Аморим.

Алекс Аморим влезе во игра во финишот на средбата, која на крајот заврши без погодоци 0-0.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот