ФОТO | Хари и Меган го запишаа синчето Арчи во градинка: Детето учи шпански јазик, танц и емоционална писменост

Принц Хари и Меган Маркл/Инстаграм
Принц Хари и Меган Маркл/Инстаграм

Парот кој „избега“ од кралската рамка, Принцот Хари и Меган Маркл, откако се свои на своето, се однесуваат како најобичен пар кој сака да живее нормално.

Тие одбија да живеат под покровителство на најмоќното кралско семејство на светот, а претенциозниот живот во дождливата Велика Британија го заменија со релаксиран живот во сончевата Калифорнија.

Опкружени со мир и хармонија, таму ги одгледуваат двете деца, синот Арчи и ќеркичката Лилибет. Нивното синче веќе е запишано во градинка која е популарна меѓу родителите од средната класа. Во градинката, Арчи посетува часови по шпански јазик, танц, актерска игра, но и информатика. Исто така во градинката имаат и несекојдневни предмети како емоционална писменост и љубезен однос со луѓето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Prince Harry (@princeharryofengland)

Какви родители се Меган и Хари?

Родител на едно дете кое оди во групата заедно со Арчи, откри дека често го гледа Хари како доаѓа со Арчи во градинка, и го зема.

„Изгледа како навистина добар татко. Сите родители се однесуваат нормално во друштво на Хари и Меган, не се прави голема фама“.

Истото се однесува и на Арчи и односот со неговите другарчиња во групата, тој е еден од нив и не се прави разлика.

„Не знаат дека неговиот татко е член на кралското семејство и веројатно не им е ни важно“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by sandy ☾ (@meghanmarlke)

Дека навистина уживаат во спокојот и новите слатки обврски, сведочи и тоа што во една прилика, извор близок до принцот Хари изјави:

„Нему не му е проблем да менува пелени и да станува навечер кога Лили плаче“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот