Ерлинг Халанд/Manchester City

ФОТО: Халанд даде два гола и асистираше, па во соблекувалната јадеше јагнешко

Ерлинг Халанд повторно се најде во центарот на вниманието, не само поради учинокот на теренот, туку и поради потегот по вчерашната победа над Вест хем.

Норвешкиот голгетер беше најдобар на теренот, постигна два гола и запиша асистенција во триумфот од 3-0. По победата и добриот настап тој одлучи да се почести со добар оброк, па така веднаш во соблекувланата јадеше јагнешки котлети и тој момент го сподели на социјалните мрежи.

Фото: Screenshot

Со новите два гола, Халанд ја продолжи импресивната форма и стигна до учинок од 25 погодоци на 23 настапи во Премиер лигата оваа сезона, потврдувајќи ја уште еднаш својата одлична форма.

ВИДЕО: Халанд погодува, но и асистира – Сити најмалку до вечерва ќе биде лидер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот