ФОТО | Хајди Клум позира топлес пред објективот на нејзиниот партнер: Обожавателите воодушевени од телото на педесет годишната манекенка

ХАЈДИ КЛУМ
Фото: Instagram

Познатата манекенка Хајди Клум честопати ја изненадува публиката со своите трансформации, но и со природниот и лежерен изглед.

Жешките јунски денови манекенката и нејзиниот помлад партнер, музичарот Том Каулиц ги искористија за годишен одмор и уживање покрај море.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Манекенката која ја „ситни“ петтата деценија од нејзиниот живот, изгледа прекрасно, а покрај редовната физичка активност и правилната исхрана, за одличната фигура на Клум голема улога игра и редовната медитација.

Преку социјалните мрежи манекенката ги почести своите бројни обожаватели со топлес фотографија, а зад објективот се најде нејзиното момче Том.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)


Покрај комплиментите за Хајди и музичарот Каулиц доби бројни комплименти за фотографиите кои се вистинско ремек – дело благодарение на прекрасната Клум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот