ФОТО | Го крие лицето: Слобода Миќаловиќ за првпат „уловена“ во јавност откако беше претепана

Слобода Миќаловиќ / Фото: Принтскрин / Инстаграм

Српската актерката Слобода Миќаловиќ недоамна беше примена во Ургентниот центар во Белград откако се пожалила во полиција на повреди кои наводно ѝ ги нанела извесна жена С.Д.(47) по физичката пресметка на паркингот на плоштадот во Земун.

Сега, фотографите на „Блиц“ ја „уловија“ Слобода на аеродромот, по враќањето од Германија со колегата Вук Костиќ. Тие ја одиграа претставата „Детски повреди“ во Франкфурт, Германија.

На фотографиите може да се види дека актерката носела тренерки и капа со која го криела лицето, а судејќи по кадрите изгледала расположена по инцидентот што се случи во Земун.

Да потсетиме, конфликтот се случил на плоштадот Караѓорѓев, додека актерката го паркирала своето возило. Според полицискиот извештај, 47-годишната жена ја обвинила Миќаловиќ дека ја удрила во пределот на коленото со нејзиниот автомобил, обвинение кое актерката го демантира.

По вербалната расправија, ситуацијата прераснала во физичка пресметка – жената почнала да ја влече актерката за коса и ја извлекла од автомобилот. И двете учеснички во расправијата побарале лекарска помош, а полицијата веднаш започнала истрага за околностите во кои се случил конфликтот, имајќи ги предвид изјавите на двете страни.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, гореспоменатата С.Д. може да се соочи со затворска казна од три месеци до три години.

Фотографиите може да ги погледнете ТУКА.

Слобода Миќаловиќ претепана! Српската актерка пренесена во Ургентен центар во Белград

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот