ФОТО | Глетка пред детска болница во Белград го расплака регионот: Татко во снегот остави трогателна порака за синот

Фото: Принтскрин /Инстаграм / serbialive_beograd

Србија од вчера е прекриена во бело, а на социјалните мрежи се прошири фотографија, односно порака оставена на снег. И ги разнежи сè.

Еден татко смисил оригинален начин да го израдува својот син кој се лекува во Универзитетската детска клиника во Тиршова, Белград. Трогателната порака ги растопи и најтврдите срца и за кратко време се прошири низ социјалните мрежи.

„Те сакам сине“, напишал еден татко на снегот, за да го израдува детето, да покаже дека е тука, дека мисли на него.

Фото: Принтскрин /Инстаграм / serbialive_beograd

Оваа трогателна порака и фотографија е објавена на страницата на Инстаграм Дневна доза Белград.

„Господе, да оздрави малиот што побргу“, „Најсилната и најчиста љубов е кон детето“, „Прекрасно. Не можам да ги сопрам солзите“, „Се надевам дека малиот ќе излезе од клиника жив, здрав, директно кај својот татко“, „Се расплакав, за добро да биде“, се само дел од коментарите.

Фотографијата ја сподели и страницата на „Србија лајв“ на Инстаграм, а таму постојано доаѓаат коментарите:

„Никогаш повеќе да не се врати во болница. Вашата порака ќе му даде сила да надмине сè. Прекрасно е да се има таков татко“, напишал еден корисник.

„Со еден збор, тоа е вистински родител, тоа е љубов“, додал друг.

„Каква огромна природна емоција… нека синот оздраве што побрзо.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот