ФОТО | Ѓоковиќ го препушти врвот на АТП листата, од денеска е трет тенисер во светот

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

По подолго време на денешната најнова АТП ранг листа дојде до промена на врвот. Италијанецот Јаник Синер е нов лидер, додека Новак Ѓоковиќ сега е на третата позиција.

Ѓоковиќ од првата позиција падна на третата позиција, а причина е неговиот настап на Ролан Гарос каде што поради повреда рано го заврши турнирот.  Лидер Ѓоковиќ вкупно беше 428 недели, додека во низа како најдобар светски тенисер ги помина последните 39 недели.

Јаник Синер на врвот сега е со 9.525 поени, додека втор е Карлос Алкараз со 8.580 поени. Ѓоковиќ на третата е со 8.360 бодови.

Во продолжение следуваат Александар Зверев, Данил Медведев, Андреј Рубљев, Каспер Руд, Хуберт Хуркач, Алекс Де Минор и Григор Димитров.

Фото: Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот