ФОТО | Европски град за кој речиси никој не слушнал, а можеме многу да научиме од него

Фото: Wikimedia Commons

Холандскиот град Најмеген, кој денска има околу 170.000 жители на почеток бил индустриски град, но своето сивило го заменил со зеленило, а секоја година градот правел по нешто ново за да ја оправда својата зелена репутација.

Сакате да патувате на места во Европа каде воздухот е чист, има доволно зеленило, а еколошките стандарди се високи, како патоказ може да послужи наградата за најзелен град. Тоа признание Европската унија за првпат го додели пред повеќе од 20 години на Стокхолм, а еден од градовите кој се нашол на врвот на оваа листа е и Најмеген во источна Холандија, на десетина километри од германската граница.

Фото: Wikimedia Commons

Дел од енергијата која градот ја троши, ја добива благодарение на ветрот, а голем дел од граѓаните своите автомобили ги замениле со велосипеди, барем кога станува збор за одењето на работа. На располагање имаат 60 километри врвни велосипедски патеки. Наместо метални или камени огради, сега има „живи“ огради. Жителите рециклираат, а со текот на годините се намалува и количината на отпад.

Секој жител на Нијмеген располага со 92 метри квадратни зелена површина.

Историското средиште на градот е резервирано за пешаците, а автобусите возат на еколошко гориво. Освен тоа, се развиваат и програми кои поттикнуваат повеќе луѓ да се возат во еден автомобил (т.н. car sharing). Најмеген ги прави и некои од најхрабрите чекори во Европа кога станува збор за екологијата.

Пред неколку години градот ја затвори електраната на јаглен и ја претвори во соларен парк во кој се наоѓаат 9.000 соларни плочи и две турбини на ветер, кои напојуваат речиси 400 домови во градот.

Фото: Wallpaper Flare

Сепак, малкумина надвор од Холандија слушнале за чистиот, напреден и динамичен Најмеген, а тој е „под радарот“ и на туристите,  без оглед на убавата река Вал која го дели на два дела, срдечните луѓе и зеленилото.

Ако одлучите да го посетите Најмеген, секако треба да посетите и некои ресторани во кои ќе уживате. Особено фален е „De Nieuwe Winkel“, вегетаријанскиот ресторан со две класични Мишелин ѕвезди (и една зелена), каде готвачот Емил ван дер Стак со својот тим создава гастрономска магија без месо.

Фото: Wikimedia Commons

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот