Фото: Приватна архива

ФОТО | Ева Нединковска кажа „да“: „Филип ме запроси во еден од најромантичните барови во Будимпешта“

Поранешната македонска пејачка Ева Нединковска повторно ѝ даде шанса на љубовта – таа му кажа „да“ на својот партнер Филип, кој ја запроси за време на нивното патување низ Европа.

Во изјава за „Слободен печат“, Нединковска ни откри детали од романтичниот момент.

„Запросувањето се случи на едно многу посебно патување за мене, организирано од Филип, мојот, сега, вереник – тура Берлин, Брно, Будимпешта, Белград. Ме запроси во еден од најромантичните ‘руфтоп’ барови во Будимпешта – „Дачес“, со прекрасна панорамска глетка, во склоп на хотелот „Матилд луксури колекшн“, по една прекрасна прошетка на дождот низ Будимпешта“, ни раскажа таа.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Иако иницијалниот план бил запросувањето да се случи во Берлин, Филип одлучил да го одложи моментот за да уживаат во патувањето и заедничките мигови со најблиските.

„Имавме неколкудневен аранжман за Берлин, каде што го истрчав Берлинскиот полумаратон, кој е дел од серијата ‘суперхалфс’ полумаратони што планирам да ги комплетирам. Но, тој решил прво да уживаме во настанот и времето со мојот брат и снаа, кои ни се придружија“, вели Нединковска.

Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Патувањето продолжило со посета на нејзини роднини во Брно, а романтичната приказна го добила својот кулминациски момент во Будимпешта.

„Инаку, и учеството на полумаратонот и целата организација беа изненадување од Филип – начин да поминеме квалитетно време заедно“, додава таа.

Фото: Приватна архива

Нединковска открива дека нивната љубовна приказна започнала на необичен начин: „Нашата приказна е многу интересна. Нѐ запозна неговиот татко, а Бог нѐ спои на чудесен начин“.

Инаку, Ева Нединковска ѝ е позната на домашната јавност по својата музичка кариера, но веќе подолго време успешно се гради и како претприемач. Таа е основач на едукативниот центар „ЕВА“, кој денес брои над 12.500 студенти и важи за водечки во областа на обуки за убавина и бизнис. Исто така, работи и како бизнис ментор и консултант на претприемачи кои ги развиваат своите бизниси.

Од претходниот брак, таа ја има ќерката Ена, а по тежок период исполнет со лични предизвици, денес повторно верува во љубовта и започнува ново животно поглавје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот