ФОТО | Еминем стана дедо: Се омажи неговата најстара ќерка!

Еминем, Aлана/Instagram
Еминем, Aлана/Instagram

Најстарата ќерка на раперот Еминем, официјално „рипна во тавче“.

Алана Скот, ќерката на Еминем објави фотографија на својот инстаграм профил дека по седум години врска, влегува во брак. Нејзиното момче Мет Молер ја запросил на покривот на една зграда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alaina Marie (@alainamariescott)

Во описот на фотографијата стои:

„Овој момент, овој живот. Да. Стопати да. Те љубам“.

Алана е посвоена ќерка на Еминем, чија биолошка мајка е покојната Доан Скот, сестра близначка на Кимберли, поранешната сопруга на Еминем.

„Мојата внука е како мое дете, таа е дел од мојот живот откако е родена, Ким и јас се грижиме за неа од првиот ден“ – изјави раперот во една прилика.

Освен Алана, Еминем ја посвои и Витни Матерс, ќерката на Кимберли од друг маж. Тој имаше турбулентен однос со неа, но во 2006та ги смирија односите и раперот ја презеде грижата за девојчињата. Со Кимберли имаат едно заедничко дете, 25 годишната Хејли Џејд.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот