ФОТО | Елена Стефановска: Со стил на Црно Море
Познатата македонска водителка, инфлуенсерка и продуцентка, Елена Стефановска, позната и како Елена „Живот со стил“ по името на нејзината емисија овие денови ги поминува на летен одмор во Бугарија.
Препорачано
View this post on Instagram
Елена на својот инстаграм – профил секојдневно споделува интересни фотографии, како од убавините на местата кои ги посетува, така и од своите летни стајлинзи – интересни костими за капење и комбинации на облека.
View this post on Instagram
Варна, Несебар, Балчик се само дел од црноморските градови во Бугарија кои Елена ги посети и сподели интересни моменти за секој град.
View this post on Instagram
При посетата на Балчик, популарно одморалиште на брегот на Црното Море, кое се наоѓа североисточно од Варна, Елена ја посети најголемата ботаничка градина во Бугарија.
View this post on Instagram
– Градина со цвеќе, а јас сум среќно мало дете. Овде во Балчик се наоѓа најголемата ботаничка градина во Бугарија со површина од 65.000 м2 и во неа има околу 2500 различни растенија кои припаѓаат на 85 семејства и 200 различни типови. Главна атракција се џиновските кактуси и сукуленти, стои во описот на фотографите кои Стефановска ги сподели со своите фанови.


