ФОТО | Елена Ристеска ја честита 2024 година: Повеќе почит и толеранција меѓу нас…

Фото: Instagram / elenaristeska_era

Македонската пејачка Елена Ристеска ја одбележа изминатата година со бројни успешни настапи, но во медиумите беше актуелна и по еден немил настан, откако избегна напад со тврд предмет во еден од познатите скопски локали.

Сега, со објава на својот инстаграм-профил, пејачката одлучи да им ја честита Новата година на нејзините обожаватели посакувајќи им повеќе почит и толеранција.

Фото: Instagram / elenaristeska_era

Покрај новогодишната честитка, таа сподели и неколку фотографии од неа, во една од модните комбинации на неодамнешните настапи низ Македонија.

Фото: Instagram / elenaristeska_era

„СРЕЌНА НОВА 2024та ГОДИНА! Оваа година ви посакувам помалку стресови и анксиозности, помалку болести, помалку трагедии и стравови, помалку лоши работи од претходната година.

Ви посакувам повеќе среќа која носи здравје, мир, хармонија, радости, успеси, бериќет, повеќе грижа за своите луѓе и работи, повеќе почит и толеранција меѓу нас, повеќе концерти и нова музика, повеќе љубов, повеќе почитување на македонската музика и артисти, повеќе грижа за животните, повеќе грижа за жените и децата-најкревката категорија на граѓани, повеќе квалитетен живот и почист воздух во нашата земја и уште многу убавини кои од срце искрено ги мислам“, напиша Елена.

Фото: Instagram / elenaristeska_era

Пејачката Елена Ристеска ноќеска нападната од женско лице во „Интермецо“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот