Пејачката Елена Ристеска ноќеска нападната од женско лице во „Интермецо“

Фото: Инстаграм/Елена Ристеска

Пејачката Елена Ристеска денеска во 2 часот и 30 минути по полноќ во СВР Скопје пријавила дека во угостителскиот објект Интермецо, во Центар, со тврд предмет била физички нападната од Е.Т. (женско лице).

Настанот е забележан во билтенот на МВР и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

„Слободен печат“ се обиде да стапи во контакт со Ристеска, но таа не одговори на нашите телефонски повици.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот