ФОТО | Елена е лудо вљубена: Партнерот на нашата позната водителка е човек со стил

Фото: Instagram

Вистинско уживање е да се следи профилот на нашата водителка, инфлуенсерка и продуцентка, Елена Стефановска, позната и како Елена „Живот со стил“, по името на нејзината емисија.

Елена на својот инстаграм – профил секојдневно споделува интересни фотографии, како од убавините на местата кои ги посетува, така и од своите летни стајлинзи – интересни костими за капење и комбинации на облека.


По летниот одмор во Бугарија, Стефановска го продолжи одморот Грција, во градот Парга, познат и како Јонскиот бисер и град со посебeн шарм.

Последните денови од летото Елена ги поминува со својот партнер, Бојан Најдоски. Бидејќи Бојан не е личност од јавниот живот ќе ја почитуваме неговата приватност, но нешто што сакаме да нагласиме е дека вистински хедонист и човек со стил кога е модата во прашање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот