ФОТО | Една во 50 милиони: Жена со две матки за два дена роди две здрави бебиња

Фото: Instagram / doubleuhatchlings

Жена од сојузната американска држава Алабама со две матки за два дена роди две здрави бебиња, по исклучително ретка бременост и вкупно 20 часа породување, пишува „Би-би-си“.

Келси Хачер (32) роди една ќерка во вторникот, а друга во средата во болницата во Алабама. Доаѓањето на своите бебиња таа го сподели со јавноста преку социјалните мрежи, заблагодарувајќи им се на неверојатните лекари.

Фото: Instagram / doubleuhatchlings

Лекарите потврдија дека мајката и бебињата се добро и дека ова е случај кој повеќето луѓе во нивната професија ретко го доживуваат. Тие ја опишаа нејзината бременост како рутинска. А, професорот Ричард Дејвис, кој го водеше породувањето, истакна дека секое бебе уживало во „дополнителен простор за раст и развој“.

Фото: Instagram / doubleuhatchlings

Инаку, на Келси Хачер ѝ било кажано на 17-годишна возраст дека има двојна матка  (uterus didelphys), како ретка вродена аномалија која погодува само 0,3 отсто од жените. Шансите за бременост и кај двете матки биле една во 50 милиони.

Фото: Instagram / doubleuhatchlings

Пријавените случаи за ваква бременост во светот се исклучително ретки. Последниот познат случај се случи во Бангладеш во 2019 година, кога 20-годишната Арифа Султана роди две здрави деца со разлика од 26 дена.

Хачер изјави дека семејството се вратило дома токму на време за заедно да уживаат во божиќните и новогодишните празници.

Една во 50 милиони: Жена со две матки забременила и во двете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот