ФОТО | Џибони се кае и извинува по срамниот потег, откако газеше по масите полни со храна

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Хрватскиот пејач Џибони настапи на забавата во загрепска Лауба која привлече многу познати Хрвати, а еден потег на сплитскиот музичар разбесни многумина откако снимките се појавија на социјалните мрежи.

Имено, Џибони во еден момент се симнал од сцената меѓу гостите и заедно со музичарите кои ги придружувале се качил на масата полна со јадење. Снимките на социјалните мрежи го покажуваат Џибони како гази меѓу чиниите со храна (и врз храната) и ги обиколува цвеќињата и свеќите кои биле поставени на масите.

Потегот на сплитскиот музичар ја налути и Тиа Мамиќ, која меѓу првите се пожали на социјалните мрежи.

„Не знам што е потажно, луѓето коишто му аплаудираат, го поддржуваат и снимаат додека гази храна или самиот тој кој го прави тоа“, порачала снаата на Здравко Мамиќ.

Голем број читатели биле згрозени од постапката на славниот Џибони.

„Буквално уринирање по луѓето кои немаат храна сега пред Божиќ“, се пожали еден читател за хрватски „Индекс“. „Несоодветно во овој период додека некои размислуваат дали ќе имаат што да јадат на Божиќ“, се согласил друг.

Некои видеа кои се појавија на социјалните мрежи покажуваат дека Џибони не успеал да ја избегне целата храна шетајќи околу масата, па во еден момент згазнал на куглоф.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

За снимките од прославата се пофалија бројни славни личности од Хрватска кои присуствувале на забавата, а според реакциите на гостите, изгледа не им пречело тоа што пејачот одел по маса со јадење.

Откако снимките од несоодветното однесување на Џибони ги преплавија социјалните мрежи, самиот пејач се огласи за „Индекс“.

– Реакциите се оправдани, јас да видам кој било од своите колеги во таква ситуација прв би рекол дека не е нормален. Луѓето реагираат со полно право – рекол Џибони.

„Немав никаква лоша намера, едноставно кога свирам често одам меѓу публика, ме фаќа некоја еуфорија и се случува. Влегов во публиката и во Лисински и во многу убави сали. Се качив на таа маса со моите трубачи, не разсмилувајќи. Најпрво застанав на некој стол, беше низок па згазнав и на масата. Јас излегов на сцената по вечерата, помислив дека вечерата одамна е завршена, што имаше на масите не видов. Ова не ми служи како оправдување, требаше да бидам рационален, но што да правам сега“, искрено рекол пејачот и додал дека им се извинува на сите што ги навредил неговиот потег.

 

ФОТО | Пејачот се качил на маса и згазил празничен колач: Џибони каков што не сте го виделе до сега

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот