ФОТО | Џек Николсон конечно се појави во јавноста: Неговата ќерка сподели ретка семејна фотографија со актерот
Ќерката на познатиот актер Џек Николсон (87), Лорејн, на социјалните мрежи сподели серија фотографии со семејството за време на празниците.
Препорачано
На една од фотографиите од Инстаграм e и актерот Џек, а благодарение на тоа, холивудската легенда, конечно ја гледаме во јавноста по долго време.
Имено, на фотографијата Лорејн и нејзиниот татко позираат прегрнати, а во описот покрај објавата стои: „Сезона на дараување“.
View this post on Instagram
Оваа фотографија привлече големо вниманиe, па се редеа коментарите на нејзините ентузијастички следбеници.
„Ти си убава! Кажи му на татко ти да се врати пред филмските камери!“; „Ти благодариме што ја сподели фотографијата од татко ти со нас“; „Татко ти изгледа одлично“; „Татко ти е прекрасен актер“, се само дел од коментарите на фановите .
Инаку, Џек Николсон со години е подалеку од јавноста, а последен пат беше виден во април 2023 година на натпревар на Лејкерс. Од улогата во филмот „Како знаеш“ (How Do You Know) од 2010 година, тој не прифаќа нови улоги.
ФОТО | По две години криење се појави во јавност: Џек Николсон има 84 години и изгледа одлично


