ФОТО | Џејми Фокс се извини поради објава на Инстаграм, откако беше обвинет за антисемитизам

Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Актерот Џејми Фокс предизвика многу бурни реакции и критики за неговата последна објава на Инстаграм.

Во објавата, која на крајот беше избришана, Џејми се осврна на Исус и лажните пријатели. Многумина го нападнаа за ширење омраза против Евреите.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Jamie Foxx

„Го убија овој човек по име Исус… Што мислите дека ќе ви направат?! #лажни пријатели #лажна љубов“, гласеше објавата под која многумина во коментарите го обвинија за антисемитизам.

Актерот на крајот се извини и рече дека неговиот избор на зборови навредил некои, но дека тоа, никогаш не била негова намера.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Jamie Foxx

„Сакам да и се извинам на еврејската заедница и на сите што беа навредени од мојата објава“, напиша актерот во изјавата во саботата, осврнувајќи се на неговата сега избришана објава од претходниот ден.
„Сега го знам мојот избор на зборови. Предизвикав навреда и се извинувам. Тоа никогаш не беше мојата намера“.

Споделувајќи што сакаше да каже со својата оригинална објава, Фокс продолжи: „За да појаснам, бев предаден од лажен пријател и тоа го мислев со „тие“ и ништо повеќе“.

Тој додаде: „Во моето срце имам само љубов за сите. Ја сакам и поддржувам еврејската заедница“.

Фокс потоа ја заврши својата објава, пишувајќи: „Моето најдлабоко извинување до секој што беше навреден ❤️❤️❤️. Ништо освен љубов секогаш, Џејми Фокс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот