Џастин и Хејли Бибер - Фото: Инстаграм

ФОТО | Џастин Бибер и Хејли страсно се бакнуваа на роденденската забава на Кендал Џенер

Џастин Бибер и неговата сопруга Хејли повторно го привлекоа вниманието на јавноста со ретка размена на нежности на роденденската забава на Кендал Џенер за нејзиниот 30-ти роденден, пишува „Пејџ сикс“.

Поп-ѕвездата објави романтична фотографија на Инстаграм, на која Хејли го бакнува, додека тој со широка насмевка ја прегрнува. На фотографијата се гледа и декорацијата со балони на кои пишува „Среќен роденден Кендал“ (Happy Birthday Kendall).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Justin Bieber (@lilbieber)

Хејли, за таа прилика облече впечатлив мини фустан со животински принт, додека Џастин, 31, се појави во опуштено издание со бела маичка и беж панталони.

Гламурозната забава се одржа на луксузниот остров Мистик, а меѓу гостите беа и познати личности како моделот Џастин Скај и семејството Кардашијан-Џенер — Ким, Клои, Кајли и нивната мајка Крис Џенер.

Кендал Џенер носеше свилен макси-комплет со дизајн на Дрис ван Нотен, со топ врзан преку градите и вратот, со што уште еднаш докажа дека е модна икона.

Откако годинава се соочија со неколку приватни предизвици, изгледа дека Џастин и Хејли повторно уживаат во хармонија. Пејачот неодамна проговори за емотивен момент за време на раѓањето на нивниот син Џек Блуз, признавајќи дека се почувствувал изоставено додека сакал да ѝ даде поддршка на сопругата.

„Инстинктивно беше да бидам покрај неа, да ја утешам. Сакав да бидам вклучен“, откри Бибер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот