ФОТО | Џанлука Ваки пронајде нова смисла во животот откако стана татко: Вљубен до уши во своето семејство
Џанлука Ваки, шармантниот Италијанец кој стана популарен преку својот инстаграм-профил танцувајќи безгрижно секогаш истакнува дека животот е лудо патување.
Според овој харизматичен милионер, животот треба да се живее со полн здив, а неодамна тоа го претстави и преку забавно видео каде танцува во неговиот приватен џет.
View this post on Instagram
Освен видеата каде танцува со својата сопруга, тој сподели и објава во која емотивно ја опиша љубовта кон неа и ќеркичката и дека животот му добил нова смисла откако е со нив.
View this post on Instagram
„Ти донесе поинаква насмевка во мојот живот, нешто што доаѓа од мојата душа и свесноста дека конечно сум на вистинскиот пат. Ништо друго не можев да побарам од Бога, ти ја претставуваш најдобрата верзија од сè за што некогаш сонував. Ти и нашата ќерка конечно му дадовте вистинска смисла на мојот живот.
Ти благодарам, љубов моја
Твој засекогаш,
Џанлука“, напиша тој на објавата.
Милионерот веќе извесен период со саканата Шерон Фонсека и ќеркичката живеат во САД, а пред тоа живееја во неговата раскошна вила со базен во родната Италија. Тој работи како диџеј, а дека љубовта кон ќерката му го промени светот, се гледа и во видеата каде тој буквално прави се’ со неа, вежба, танцува…
View this post on Instagram
„Ти си мојот свет“, вели тој за малечката.
View this post on Instagram