ФОТО: Двајца македонски возачи на камиони уапсени во Бугарија за шверц на 137 килограми марихуана
Двајца македонски државјани, возачи на камиони се во притвор во Ќустендил, Бугарија откако во нивните камиони во средата бугарската царина откри наркотична дрога – марихуана, спакувана во 320 пакети со вкупна тежина од 137 килограми.
Препорачано
„Под раководство на Окружното обвинителство – Ќустендил, се води истрага за предистражна постапка за шверц на наркотична супстанца преку границата на државата – кривично дело од чл. 242, ст. 2, врвот чл. 20, ст. 2 од Кривичниот законик на Бугарија. Околу 22.30 ч. на 18.12.2024 г на влезот за камиони на граничниот премин Ѓуешево пристигнаа две товарни моторни возила со регистерски броеви на Северна Македонија, кои превезувале товари руда за Турција. Царинските инспектори ги пренасочиле моторните возила на темелен царински преглед, соопшти бугарската Царина.
Фотографиите кои ги објави бугарската царинска служба покажуваат дека дрогата била пронајдена во специјално направени прегради во шлеперот.
„Во приколката од втората композиција пронајдени се специјално прилагодени скривалишта – шуплини покриени со дрвени попречни штици (хоризонтални странични прегради). Пронајдени се 320 пакетчиња со наркотичната супстанца – марихуана. Вкупната тежина на предметот на кривичното дело е 137.045 кг“, соопшти бугарската царина.
Возачите на камионите – државјаните на Северна Македонија Г.Н. и И.М., се обвинети во случајот.
Со уредба на надзорниот обвинител на лицата им е одреден притвор до 72 часа.
Во судот се чекаат барања за определување притвор за уапсените македонски државјани.
Товарот марихуана пред да биде запрен од бугарската царина безбедно ја поминал македонско – бугарската граница кај Деве Баир и се упатил кон Турција.


