ФОТО | Џенифер Лопез конечно си најде чанта по нејзин вкус: Најголемата која досега ја имате видено!

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Не е тајна дека Џенифер Лопез е голема обожавателка на дизајнерски парчиња, но едно што со сигурност знаеме е дека таа е особено „слаба“ на чанти. Неслучајно познатата поп – дива е заштитно лице на брендот најпознат по своите дизајнерски чанти со средна ценовна класа. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coach (@coach)

Фотографијата на која Џенифер Лопез позира со огромна розова чанта привлече големо внимание на социјалните мрежи.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Џиновската чанта е направена исклучиво за потребите на новата модна кампања, но помалите верзии на оваа чанта се достапни за продажба.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

51-годишната пејачка и актерка на фотографијата ја држи џиновска торба која веќе пристигна на полиците во помала – реална верзија, а на својот инстаграм – профил Џенифер сподели и моменти од снимањето на кампања.

instagram/printscreen
instagram/printscreen

Најновиот модел на популарните чанти е изработен од мека кожа што наликува на удобна перница, а дизајнот е достапен во пет бои: слонова коска, гранит, црна, зелена и розова боја, а цената за оваа чанта е нешто повеќе од 500 евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coach (@coach)

На веб – страницата на брендот се наведува дека чантата била инспирирана од естетиката од 1970-тите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coach (@coach)

Доаѓа со две рачки со различна должина, така што може да се носи на повеќе начини – во рака, преку рамо или на рамото, а моделот дополнително е украсен со кожен спојувач со логото на брендот – буквата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Coach (@coach)


Покрај омилената пејачка, дел од оваа интересна кампања беа и бројни познати личности како Камила Мороне, Бинкс Волтон, Палома Елсесер и Квинси, а интересните кадри ги направи Јурген Телер кој беше ангажиран од креативниот директор на брендот, Стјуарт Веверс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот