Фото: Profimedia

ФОТО | Десет илјади луѓе ја дочекаа летната долгодневица кај Стоунхенџ

Околу 10.000 луѓе се собраа да ја дочекаат летната долгодневица кај познатиот мегалитски споменик Стоунхенџ, пренесува „Би-би-си“.

Низ толпата народ, се придружија и друидите и паганите за да го одбележат најдолгиот ден во годината на праисторискиот локалитет во Солсбери, Вилтшир.

Фото: Story Picture Agency / Shutterstock Editorial / Profimedia

Сонцето изгреa зад влезот во кругот од камените блокови, а зраците на светлината продрea во центарот на споменикот. Карактеристичната форма на камените блокови на Стоунхенџ беспрекорно се усогласува со изгрејсонцето во лето и со зајдисонцето во зимата.

Фото: Andrew Matthews / PA Images / Profimedia

Ова е втор настан на прославување на летната долгодневица по пандемијата на Ковид-19. Многу луѓе од целиот свет допатуваа за да го прослават овој неверојатен момент на природата покрај мегалитските камења.

Фото: Story Picture Agency / Shutterstock Editorial / Profimedia

Во исчекување на фантастичното изгрејсонце, луѓето ги допираа и прегрнуваа камените блокови. Импресионирани од глетката тие постојано се фотографираа. Многумина за „Би-би-си“ изјавија дека нивните очекувања се надминати, велејќи дека ова е фантастично искуство кое досега не го доживеале.

Фото: Daniel LEAL / AFP / Profimedia

Се верува дека летната долгодневица се прославува илјадници години кај Стоунхенџ, мегалитскиот споменик од праисторијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот