Дарко Димитров / Фото: Инстаграм/Дарко Димитров

ФОТО | Дарко Димитров слави: Замина од Македонија со специјално друштво

Композиторот Дарко Димитров отпатува од Македонија со специјално друштво, со посебен повод.

Димитров реши својот роденден да го прослави надвор од Македонија, во машко друштво. Со него, на роденденската слика се композиторите и продуценти Роберт Билбилов и Дарко Димитров и уште еден пријател.

Фото: Инстаграм/Дарко Димитров

Познатиот композитор, кој се одржува со спорт не е многу сменет од времето кога за првпат се појави на музичката сцена.

Калиопи неодамна сподели спомен токму со Дарко Димитров од едно подалечно време, и оваа слика го покажува токму она што е кажано погоре, а важи и за двајцата, дека го чуваат младешкиот дух и изглед.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Димитров е роден е на 21 јануари 1973 година во Скопје и има напишано многу хитови во поновата историја на македонската модерна музика. Дарко соработува со многу популарни домашни и странски артисти и има добиено доста награди.

Во 2019 година музичката видеокомпанија „Ај-ди-џеј видеос“ го избра Димитров за најдобар продуцент на овие простори, а за тоа дека оваа награда е сосема заслужна зборуваат неговите најголеми хитови во регионот како што се песните на Анастасија Ражнатовиќ, Емина Јаховиќ, групата „Харикејн“, Ана Николиќ, Едита Арадиновиќ, Дино Мерлин и многу други.

Тој е оженет со Маја и има две ќерки. Син е на легендарниот пејач Славе Димитров, а неговиот брат Оливер е исто така музичар.

ИНТЕРВЈУ | Дарко Димитров, музички магионичар: Нашата држава се оддалечи од креативните луѓе, ѕвезди се политичарите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот