ФОТО | ДаБејби упати навреди кон жените и ЛГБТИ популацијата: Фестивалите масовно ги откажуваат настапите на раперот

ДаБејби
Фото: Instagram

Раперот Џонатан Линдај Кирк, познат како ДаБејби е веќе на листата на кенсел културата (cancel culture) и доказ дека нема место за хомофобија и мизогинија во музичката индустрија и поп културата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LONG LIVE G (@dababy)

По избувнувањето на концертот минатата недела, кога одреден број жени ги нарече „валкани курви“ и одреден дел од ЛГБТИ популацијата „луѓе кои пренесуваат болести“, раперот помина низ голем притисок од јавноста и медиумите, кои, меѓу другото, предизвика големите светски фестивали ги откажат своите гостувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LONG LIVE G (@dababy)

„Lollapaloosa“ и „Governors Ball“, како и „Rolling Loud Miami“ и „Day N Vegas“ ги откажаа гостувањата на популарниот рапер, наведувајќи дека тие не стојат зад хомофобичните и мизогинистички навреди против ЛГБТИ популацијата и жените. Тие најавија дека ќе го заменат неговото време на фестивалите со друг изведувач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LONG LIVE G (@dababy)


Раперот се обиде да се извини за обемното обраќање до јавноста преку социјалните мрежи, тврдејќи дека е „необразован“ и дека „не ja разбира проблемaтиката на неговите зборови“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот