Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ФОТО | „Да ги имитираме Јапонците – прво да ги чистиме дворовите па да одиме на работа“, порача Сиљановска на „Генералка викенд“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вели дека „Генералка викенд“ треба да прерасне од симболична акција во секојдневна животна навика. Пред почетокот на досега најмасовната екоакција во Македонија, но и на Балканот, Сиљановска направи паралела со јапонската култура, каде граѓаните го почнуваат денот со чистење на просторот околу своите домови.

Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот – Фото Слободен печат – Методи Здравев

„Сметам дека е многу добро секој ден да го започнуваме вака, имитирајќи ги Јапонците. Претпоставувам дека знаете – тие најпрво чистат таму каде што живеат, околу своите згради, а потоа одат на работа. Ова мора да стане филозофија на живеење. Човештвото води војна со планетата, што води кон самоуништување, природата и живиот свет се постари од човекот и затоа заслужуваат посебна заштита“ ,рече претседателката.

Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Таа исто така рече дека очекува од градоначалникот Ѓорѓиевски да го следи примерот на градоначалничката на Париз, Ана Идалго, која, како што рече, некои париски улици ги трансформирала во зелени површини.

„Зеленото е убаво, прекрасно. Скопје треба да се озелени, но претходно треба да се исчисти“, додаде Сиљановска.

На денешниот старт на екоакцијата „Генералка викенд“, во која учествуваат илјадници волонтери присуствуваа и високи државни претставници и дипломати, меѓу кои претседателката на државата, Гордана Силјановска-Давкова, сопругата на премиерот Христијан Мицкоски, Рози, амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, како и раководството на Министерството за животна средина и просторно планирање, предводено од министерот Муамер Хоџа и заменик-министерката Ане Лашкоска.

ГАЛЕРИЈА | Илјадници волонтери започнаа со чистење низ државата – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот