Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ГАЛЕРИЈА | Илјадници волонтери започнаа со чистење низ државата

Следните три дена илјадници волонтери ќе ја чистат државата. Започна досега најмасовната екоакција „Генералка викенд во државата и на Балканот. Од денеска до недела десетици илјади волонтери ќе чистат јавни површини и диви депонии на повеќе од 500 локации, во над 80 општини.

Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот – Фото Слободен печат – Методи Здравев
Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Покрај чистењето, фокусот е ставен и на подигање на јавната свест и поттикнување на селекција и рециклирање на отпадот. Пораката останува јасна – грижата за животната средина треба да стане секојдневна навика, а не само еднократна акција.

Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот – Фото Слободен печат – Методи Здравев
Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот – Фото Слободен печат – Методи Здравев
Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Во акцијата се вклучија и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, министерот за животна средина Муамет Хоџа и неговата заменичка Ане Лашкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер.

Акција за чистење на кејот - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Акција за чистење на кејот – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Екоакцијата е организирана и поделена во осум тима, на потегот од реката Лепенец до мостот „Киро Глигоров“ ќе бидат распоредени на северната и јужната страна на реката Вардар. Во соработка со Комунална хигиена и Паркови и зеленило ќе бидат мобилизирани стотици волонтери од приватни компании, институции и училишта за да ја исчистат најголемата зелена и рекреативна зона во главниот град.

Организаторите од „Мен енд Маунтен“ очекуваат рекордна вклученост на институции, компании и граѓани.

Екоакцијата е волонтерска иницијатива, каде што учесниците се одговорни за сопствената безбедност и стана најголемата еколошка акција досега во нашата земја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот