ФОТО | Цигарата што ја запали јавноста — израелски војник позирал покрај статуа на Дева Марија, армијата најави истрага
На социјалните мрежи денеска се прошири фотографија која предизвика нови остри осуди за однесувањето на припадниците на израелската војска во јужен Либан. На фотографијата се гледа израелски војник кој позира потпрен на статуа на Дева Марија, додека во нејзината уста става запалена цигара, пренесе Тајмс оф Израел.
Препорачано
Израелската војска експресно реагираше на инцидентот откако фотографијата стана вирална. Официјалниот портпарол на израелската војска, потполковник Надав Шошани, објави на платформата „Икс“ дека војската го смета овој инцидент за исклучително сериозен.
„Израелската војска на овој инцидент гледа со најголема строгост и нагласува дека однесувањето на војникот целосно отстапува од вредностите што се очекуваат од нашиот персонал. Според првичната проверка, фотографијата била направена пред неколку недели. Инцидентот ќе биде истражен, а против војникот ќе бидат преземени командни мерки во согласност со наодите“, порача Шошани.
The IDF views the incident with utmost severity and emphasizes that the conduct of the soldier completely deviates from the values expected of its personnel.
Following an initial review, the image in question was taken several weeks ago. The incident will be investigated, and… https://t.co/fi2gQXzdYj
— LTC Nadav Shoshani (@LTC_Shoshani) May 6, 2026
Тој додаде дека израелската војска ја почитува слободата на верата и богослужбата, како и светите места и верските симболи на сите заедници. Истакна и дека операциите во јужен Либан се насочени исклучиво кон инфраструктурата на Хезболах и дека војската нема намера да оштетува верски објекти.
Откриен е идентитетот на израелскиот војник кој со чекан ја искрши статуата на Исус


