ФОТО | Чудесната борба на малото момче: Честер е роден со 500 грама и се бори за живот

Честер Грејвс и неговиот брат Отис се родени прерано, во 28-та недела од бременоста, на 15 јули. Честер тежел неполни половина килограм, додека Отис бил три пати поголем и тежел 1.559 грама.

По шест недели Отис бил пуштен на домашна нега, но малиот Честер од самото раѓање се бори за живот, а сега стасал до 1.580 грама. Родителите, Кели Грејвс (32) и Вурф Вили (35) од Венфлит, велат дека не се сомневаат дека чудесната борба на Честер е последица на врската што ја дели со неговиот еднојајчен близнак Отис, пишува „Мирор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)

Нивната прва средба се случила на 22 септември. Отис спиел, а Честер не можел да го тргне погледот од братот кој го ставиле да легне покрај него. Трогателната глетка ја забележале и со камера, а се одвоиле во неонаталното одделение на болницата „Соутенд“, каде Честер веројатно ќе помине уште два месеца.

Момчето сѐ уште е во инкубатор и сѐ уште прима кислород, а неговите родители се надеваат дека конечно ќе си дојде дома во декември.

Компликациите започнале во 16-та недела на бременоста, кога Кели дознала дека Честер е помал од неговиот брат. Разликата во големината на близнаците била последица на состојба која се нарекува селективно интраутерино ограничување на растот, поради што Честер не добивал потребни хранливи материи од плацентата, со што забавил неговиот раст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)

Честер Грејвс и неговиот брат Отис се родени прерано, во 28-та недела од бременоста, на 15 јули. Честер тежел неполни половина килограм, додека Отис бил три пати поголем и тежел 1.559 грама.

По шест недели Отис бил пуштен на домашна нега, но малиот Честер од самото раѓање се бори за живот, а сега стасал до 1.580 грама. Родителите, Кели Грејвс (32) и Вурф Вили (35) од Венфлит, велат дека не се сомневаат дека чудесната борба на Честер е последица на врската што ја дели со неговиот еднојајчен близнак Отис, пишува „Мирор“.

Мајката раскажала што точно се случило. Компликациите започнале во 16-та недела на бременоста, кога Кели дознала дека Честер е помал од неговиот брат. Разликата во големината на близнаците била последица на состојба која се нарекува селективно интраутерино ограничување на растот, поради што Честер не добивал потребни хранливи материи од плацентата, со што забавил неговиот раст. Затоа, во 19-та недела од бременоста била примена во болницата „Кингс Колеџ“ во Лондон.

„Бев подложена на ендоскопска ласерска операција, која беше изведена за да се одвојат бебињата во матката. Ова беше направено така што, во случај Честер да не преживее, Отис да биде заштитен од смрт или од трајно оштетување на мозокот“, појаснила таа.

По операцијата, Честер добивал 25 грама неделно, а Отис 100. На Кели во 28-та недела од бременоста ѝ пукнал воденикот и била подложена на царски рез

„Отис е роден прв и ставен во инкубатор. Потоа пристигна и Честер. Имаше воспаление на ткивата во цревата и дупка во срцето, која, за среќа, се затвори. Мораше да биде подложен и на операција на окото.“

Родителите имаат и три постари деца кои сѐ уште не успеале да го запознаат Честер поради ограничувањата поврзани со коронавирусот, но едвај чекаат тој да се дојде дома.

„Отис е со нас, но чувството е горко-слатко бидејќи не можеме да уживаме додека двете бебиња не се со нас“, заклучува мајката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот