facebook.com/pg/1985ckembari

ФОТО | „Чкембари“ предизвикани од девојче направиле инцидент во локал на автопатот Скопје – Велес

Кошаркарите на Пелистер го завршија настапот во Купот на Македонија по поразот од Куманово во четвртфиналната пресметка, меч што мина во жестока атмосфера и со прекин, а проблеми имало и по завршувањето на средбата.

На враќањето кон Битола дел навивачите на Чкембари предизвикале инцидент во локал на автопатот Скопје – Велес.

Според присутните, инцидентот започнал откако навивачите забележале обележје на Вардар кај девојче кое било во локалот. Во обид да ѝ го одземат симболот, ситуацијата ескалирала, при што биле нападнати и други лица што се нашле во објектот. Неколкумина се здобиле со телесни повреди, дел од нив биле и малолетни лица.

Исто така во инцидентот оштетено било и едно возило кое останало без таблици, а свои пораки навивачите оставиле и на ознаките пред локалот.

Фото: Слободен печат

МКК Куманово го совлада Пелистер, познати полуфиналните двојки во Купот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот