ФОТО: Четири жени ја тешат кралицата додека тагува по Филип: Меѓу нив не се ниту Кејт ниту Камила

Instagram
Instagram

Откако во петокот Бакингемската палата објави дека починал принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета Втора, следеа пораки на сочувство и поддршка од целиот свет.

Сепак, само одреден број луѓе се наоѓаат покрај кралицата во моментот на големата тага, а меѓу нив има и четири верни и доверливи жени.

Расплаканата Софија, грофицата од Весекс, ја опиша кралицата како „неверојатна“ додека таа и нејзиниот сопруг принцот Едвард ја тешеле во Виндзор.

                                                                      Фото: Профимедиа

Двојката прва ја посетила кралицата во момент на големата тага, а додека го напуштале замокот, Софија беше видно вознемирена.

Таа е една од четирите верни, дискретни и исклучително доверливи жени од потесниот круг на кралицата кои ја поддржуваат додека се соочува со животот без саканиот принц Филип.

Исто така, во оваа основна група на доверливи луѓе се и нејзината ќерка принцезата Ана, пријателката од детството на кралицата леди Памела Хикс и стилистката на кралицата Анџела Кели, пренесува „Дејли мејл“.

– Софија ѝ е како втора ќерка на кралицата, тие се многу блиски. Нејзе ѝ верува и на неа се потпира како на неколку други – изјавил извор близок до кралското семејство.

Кралицата Елизабета и војвотката Софија се слушаат барем еднаш на ден, а во саботните попладниња редовно уживаат во старите филмови.

Меѓутоа, вчера расположението било сосема поинакво, а британските медиуми пренесуваат дека Софија, со насолзени, црвени очи, низ спуштениот прозорец на автомобилот рекла дека „кралицата е неверојатна“.

Зборувајќи за „бандата на четирите“ жени најблиски на кралицата, кралскиот извор рекол дека „она што сите го делат е крајната лојалност кон Нејзиното Височество, но и способноста да бидат искрени кон неа – нешто што е ретко во кралските домаќинства“.

Групата е во најмала рака еклектична. Три пати разведена, Анџела Кели (62) е ќерка на возач на виљушкар и е израсната во куќата на советот на Ливерпул.

Četiri žene teše kraljicu dok tuguje za Filipom: Odane su i pouzdane, a nisu ni Kejt, ni Kamila - Telegraf.rs

                                                                     Фото: Профимедиа

Но, сега таа е толку блиска со кралицата така што напишала две книги со одобрение на кралицата (а работи и на третата) и живее во домот во замокот Виндзор.

Таа го носи прекарот АК-47, врз основа на нејзините иницијали и по угледот на советската пушка.

– Ја сакам кралицата и сè што е во врска со неа. Со текот на годините, таа ми дозволи да ѝ станам поблиска. Разговараме за облеката, шминката и накитот. Ние сме две типични жени – рекла Кели.

Леди Памела, 91 година, ќерка на лордот Луис Маунтбатен, ја познава Елизабета уште од тинејџерска возраст, кога младата Елизабета се вљубила во братучедот на Памела, Филип. На нивната венчавка во 1947 година, таа беше деверуша. Таа била со нив во Кенија во 1952 година кога починал кралот Џорџ Шести. Таа е поранешна дама на кралицата.

Četiri žene teše kraljicu dok tuguje za Filipom: Odane su i pouzdane, a nisu ni Kejt, ni Kamila - Telegraf.rs

                                                                              Фото: Профимедиа

Принцезата Ана (70) по карактерот потсетува на нејзиниот татко Филип.

– Таа продолжува со тоа – никогаш не се жали – напишал еден биограф.

За својата мајка, кралицата Елизабета, принцезата Ана вели дека е „извонредна“.

Četiri žene teše kraljicu dok tuguje za Filipom: Odane su i pouzdane, a nisu ni Kejt, ni Kamila - Telegraf.rs

                                                                          Фото: Профимедиа

Она што е интересно е дека ниту Кејт Мидлтон, сопругата на внукот на кралицата принцот Вилијам, ниту Камила, сопругата на нејзиниот син принцот Чарлс, не се во овој круг на блиски луѓе.

Видео на денот