ФОТО | Бочварски го изненади Сабев со уникатен подарок на средбата за клучните транспортни проекти

Бочварски и Сабев/Фото: Влада на РСМ

Воведувањето на нова авиолинија од Софија до Скопје ќе придонесе во зближување на двата народи, како и развој на економските односи и туризмот. Во следниот период до одржување на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и Република Бугарија кон крајот на овој месец, ќе се договорат деталите околу воведување на авиолинијата. Ова го договорија министрите за транспорт и врски на Северна Македонија и на Бугарија, Благој Бочварски и Николај Сабев при денешната официјална посета на бугарската владина делагација, предводена од премиерот Кирил Петков.

На средбата Бочварски му подари уникатен подарок на бугарскиот министер за транспорт и врски – парче шина како симбол за изградбата на Коридор 8.

Уникатен подарок за министерот Сабев/Фото: Влада на РСМ

На средбата министерот Бочварски го отвори прашањето за либерализација на транспортот на стока за и од трети земји. Двајцата министри договорија соработка на мешовити комисии за транспорт кои треба да работат на условите на целосна либерализација на транспортот на стока.

Исто така, министерот Бочварски го потенцираше и прашањето за модернизација на граничните премини, како и отворање на нов граничен премин Клепало, кај Берово.

Бочварски и Сабев разговараат за клучните транспортни поврзувања меѓу двете соседни земји

-Во однос на железничкиот Коридор 8, се разговараше за изградба на заедничкиот граничен тунел што ќе ги поврзе овие две земји како дел од проектот за железничко поврзување. Министерот Бочварски информираше дека вкупниот проект ќе чини преку 600 милиони евра, со тоа што делницата од Куманово до Крива Паланка ќе започне со изградба напролет, а делот од Крива Паланка до границата со Бугарија веќе следната година, информираат од Министерството за транспорт.

Во делот на патната инфраструктура, државава инвестира преку 200 милиони евра во модернизација на патната мрежа кон Бугарија, со тоа што,најавуават од ресорното Министерство, веќе средината на  2023 година со изградбата на експрениот пат Ранковце – Крива Паланка ќе имаме нова, модерна и безбедна патна делница од Скопје до граничниот премин Деве Баир.

Од Министерството за транспорт соопштија дека двајцата министри договориле интензивни средби се со цел побрзо регионалното поврзување и реализација на проектите од заеднички интерес.

Како што најави претходно бугарскиот премиер Кирил Петков,  авиолинијата од Софија до Скопје треба да биде воспоставена за околу два месеци.

-За она за што се ангажираме е дека за 30 дена ќе имаме точни специфики, а за 60 денови таа линија ќе биде воведена во функција. Така што, кога ќе почнеме да работиме со точни резултати ќе дадеме можност на народите од двете земји да можат слободно да патуваат, слободно да прават бизнис, рече Петков на прес-конференција по средбата со неговиот колега Димитар Ковачевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот