X/Screenshot

ФОТО: Белгиски навивачи во Казахстан го имитираа Борат, па завршија во затвор

Судските власти во Казахстан изрекоа затворска казна за тројца навивачи од Белгија, откако тие се појавиле маскирани како контроверзниот филмски лик Борат за време на натпревар од Лигата на шампионите одигран во оваа средноазиска држава.

Инцидентот се случил на дуелот меѓу Кајрат и Клуб Бриж, а казахстанската телевизија емитуваше снимка на која се гледаат тројца белгиски навивачи облечени во препознатливите костими. Настанот брзо привлече внимание, но и реакција од надлежните институции.

X/Screenshot

Судот во главниот град Астана соопшти дека тројцата белгиски државјани, идентификувани само со иницијали, се осудени на по пет дена затвор поради нарушување на јавниот ред и мир.

Според судското соопштение, навивачите, под дејство на алкохол, на трибините на „Астана Арена“ ја соблекле облеката и останале само во долна облека, скандирајќи и обидувајќи се да го привлечат вниманието на присутните, со што го прекршиле законот. Тие веднаш биле извадени од публиката и приведени во полициска станица, што го потврдил и нивниот пријател Матје, кој бил сведок на случувањата.

„Сакаа само да се забавуваат, но полицијата го доживеа тоа како навреда“, изјавил тој за локалните медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот