ФОТО: Анти-ковид протест во Софија, Петков се обрати пред демонстрантите, но тие бараат негова оставка

Софија протест/ Фото Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Стотици луѓе протестираа во Софија барајќи укинување на сите ограничувања воведени поради пандемијата и оставка на владата поради нерешавањето на здравствената криза.

Демонстрантите носеа бугарски знамиња и транспаренти на националистичката партија Препород, која го организираше протестот.

Тие скандираа „оставка“ и „слобода“, повикувајќи ја владата да поднесе оставка поради „нерешавањето на здравствената криза“. Протестот помина мирно, а беа забележани и силни полициски сили.

Демонстрантите го отфрлаат планот на владата за постепено укинување на ограничувањата за Ковид 19, барајќи итно укинување на здравствените пропусници и задолжително носење маски за лице.

Анти-Ковид протест во Софија/ Фото Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Петков застана пред демонстрантите

Премиерот Кирил Петков отиде кај демонстрантите и ги праша луѓето дали некогаш виделе премиер на плоштадот меѓу неистомислениците. Тие одговорија со извици „оставка“, јави БГНЕС.

Ако сакаме да имаме силна држава мора да работиме заедно, им порача Кирил Петков на демонстрантите кои не му дадоа можност да зборува и додека тој зборуваше скандираа „оставка“.

Тука сум да го слушнам вашето мислење, другата опција беше да застанете горе и да погледнете низ прозорецот, рече Петков покажувајќи кон зградата на Министерскиот совет.

Сакам да ви покажам дека не се плашам да разговарам со народот. Ве ограбуваа 12 години, ако не работиме заедно, немаме шанси, порача премиерот пред насобраните неколку десетици поддржувачи во таканаречениот „триаголник на власта“.

Петков меѓу демонстрантите/ Фото Nikolay DOYCHINOV / AFP / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот