ФОТО | Анѓелка Прпиќ во страсна прегратка на сопругот: Прва фотографија од тајната венчавка

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската актерка Анѓелка Стевиќ Жугиќ во септември минатата година тајно се омажи за својот партнер Марко, а по тој повод на годишнината сега и се огласи.

Интимната церемонија била организирана во најголема тајност, што била и исклучителна желба на младенците, за сè да се одвива далеку од очите на јавноста и медиумите во еден ресторан во Белград.

Таа досега не објавуваше фотографии, а сега, на годишнината ја објави и првата.

На фотографијата што ја објави, Анѓелка облечена во венчаницата ужива во прегратката на сопругот Марко додека се бакнуваат.

Заедно со емотивната фотографија, Анѓелка објавила и емотикон со бело срце, а во коментарите следуваа честитки.

Да потсетиме, по разводот од Дарио Прпиќ, стапи во врска со Марко и му роди дете, Анѓелка во строга тајност му се заколна на вечна љубов на својот избраник.

Тие ја прославија својата скромна венчавка во кругот на најблиските членови на семејството и пријателите во ресторан во Белград.

На свадбата и ручекот беа само неколку познати личности, меѓу нив водителката Марија Килибарда, актерката Ања Мандиќ, како и водителот Славко Белеслин.

Откриени детали за разводот: Жешка сцена ѝ го уништи бракот на Анѓелка Прпиќ

ФОТО | Анѓелка Прпиќ за првпат го покажа трудничкиот стомак

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот