ФОТО+ВИДЕО | Александра Пријовиќ и четвртиот ден пеела во луксузна модна комбинација: Моделот чини над 13.000 евра

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Иако српската пејачка Александра Пријовиќ сега е сопственичка на луксузни модели на облека, финансиската состојба не била секогаш таква. На третиот концерт таа рекла дека пари за фустани претходно ѝ праќала тетка ѝ од Германија.

 

@aprijovic #aleksandraprijovic #lepabrena #jelenarozga ♬ original sound – Aleksandra Prijović


Веќе е познато дека Александра Пријовиќ (28) е вљубеник во луксузни модни парчиња, а судејќи по облеката од минатите концерти – има завидна колекција на облека од британската модна куќа „Александар Меквин“.

Ниту минатиот концерт не помина без скапи парчиња облека. Александра носела црн краток фустан со сребрени детали во горниот дел.

Еден таков фустан, според официјалниот сајт на модната куќа, чини 13.205 евра.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Таа и претходно носеше модни комбинации од овој бренд, а сме виделе фустани, разни костуми и здолништа.

Иако сега е сопственичка на луксузни модели на облека, финансиската состојба не била секогаш таква.

– Не ми забележувајте што вечерва ќе зборувам многу повеќе од вообичаено, но морам да кажам една работа, кога се натпреварував во „Ѕвездите на Гранд“, мајка ми остана без работа затоа што секој викенд ме возеше на натпреварот, ја жртвуваше својата работа поради мене и секако се случи да биде тешко финансиски, а мојата тетка беше тука – рекла таа на третиот концерт и додала:

„Никогаш нема да заборавам кога ми испрати пари за да купам фустан за натпреварот. Затоа, ви благодарам што дојдовте од Германија овде вечерва. Ве сакам многу и ви благодарам за сè што направивте за мене. Секогаш сум горда на сè што сум поминала.“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот