Протест за Палестина - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Протест на „Сите за „Палестина“ - Фото „Слободен печат“ - Методи Здравев

ФОТО + ВИДЕО | Активисти на антивоен протест спроти МНР порачаа „Не во наше име“

Со голем транспарент „Не во наше име“, но и со пораки и извици „Живеј Палестино“ и „Санкции за Израел“, денеска граѓанската иницијатива „Сите за Палестина“ организираше протест спроти Министерството за надворешни работи (МНР).

Покрај зградата на министерството ечеа антивоени песни и беа прикажувани пораки „Крвта на невините луѓе нема да доведе до решение“, а собирот, како што рекоа од иницијативата, е во знак на солидарност со палестинскиот народ и со сите луѓе директно нападнати од Израел и САД во изминатите денови.

Истовремено, иницијативата упати пораки Македонија да предводи антивоени политики.

„Оваа недела Израел и САД убија над 100 девојчиња во училиште во Иран, изведувајќи безобразни напади додека траат ‘преговори за мир’. Во меѓувреме, го затворија преминот Рафах, преку кој се евакуираат најтешко повредените, болните и изнемоштените Палестинци, и направија стотици прекршувања на меѓународното право. Македонија има ратификувано бројни меѓународни договори и конвенции за заштита на човековите права и почитување на меѓународното право. Со поддршката на овие напади, државата ги прекршува сопствените обврски преземени пред меѓународната заедница“, рекоа од иницијативата.

Протест за Палестина - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Протест на „Сите Палестина“ – Фото „Слободен печат“ – Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот