ФОТО | Aктерот Атанас Атанасовски со фотки направени од синчето: Сѐ си мислам дека некој ми го чепкал телефонот…
Актерот Атанас Атанасовски нема честа навика да споделува многу детали од приватноста, но деновиве сподели фотографии кои неговото синче ги направило за време на нивниот семеен престој во Маврово.
На фотографиите малиот Павле го земал телефонот на татко си и си направил неколку фотографии од своите ноџиња, па дури и неколку видеа и селфи.
Во негов комичен стил, Атанас ги сподели фотографиите на инстаграм и напиша:
„Сѐ си мислам дека некој ми го чепкал телефонот…“ на што доби и многу смешни и позитивни коментари од своите пријатели и следбеници.
View this post on Instagram
Атанас е во брак со Александра Белчева и освен синчето Павле, ја имаат и ќеркичката Една. Неговата сопруга често објавува фотографии од нив, а така беше и на последната објава од авантурите во Маврово.
View this post on Instagram
View this post on Instagram