ФОТО | Актерката од „Тома“ успеала да ослабне 30 килограми: Во оваа замка луѓето најчесто паѓаат!

Фото: Инстаграм

Паулина Манов, која последниве месеци е активна поради улогата на Љиљана во српскиот хит филм „Тома“, водела голема борба со вишокот килограми. Имено, актерката се здебелила во текот на бременоста бидејќи, како што признава, се опуштила и јадела се што ѝ се јадело мислејќи дека килограмите ќе „исчезнат“ по породувањето.

Меѓутоа, слабеењето одело многу потешко отколку што очекувала, а дека е време за радикални промени сфатила кога го видела својот одраз на излогот – не можела да се препознае, пишува „Lepa & sretna“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by [email protected] (@paulina.manov)


„Тогаш се запрашав: „Ау, кој е ова? Не само што другите не можеа да ме препознаат, туку ниту јас самата себе не можев да се препознаам! Дека е време за диета, актерката сфатила штом престанала да дои.

„На почетокот бев на ригорозна диета со разни гравчиња кои се варат. Нема леб, месо, млечни производи, шеќер… На тој режим бев пет круга, по 14 дена. Меѓутоа, со години не можев да си пронајдем свое мени. Бев и на хроно исхрана, на автофагија и на крајот сфатив дека најмногу ми годат овошје и зеленчук. Понекогаш јадам риба и јајца, но месото не ми годи, тоа го исфрлив“, раскажала Паулина и открила со какви трикови користи кога има напади на глад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by [email protected] (@paulina.manov)

„Најдобро е да се консултирате со нутриционистите за тоа што и кога да јадете. Пред тоа, неопходно е психички да се подготвите за борбата. Ако згрешите и изедете нешто што не треба, не е страшно ако наредниот ден продолжите со својот режим на исхрана. И мене ми се случува да изедам чоколада, затоа што откажувањето од шеќер е тешко, како да се откажувате од зависност од дрога. Кога се појавуваат кризи, најдобро е да излезете надвор или да пиете вода, чаеви за исфрлање течности, лимонада. Чајот од ѓумбир е добар бидејќи гневот може да го ублажи гладот“, рекла Паулина за „Информер“ и истакнала дека луѓето често паѓаат во замката дека можат да јадат повеќе ако тренираат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by [email protected] (@paulina.manov)


„Физичката активност е задолжителна, но тоа не значи дека можете да јадете повеќе доколку тренирате. Тоа е замка во која луѓето често паѓаат“, истакнала Пуалина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by [email protected] (@paulina.manov)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот