Адријан Гаџа со партнерката - Фото: Инстаграм/Адријан Гаџа

ФОТО | Адријан Гаџа ја сподели најубавата вест — за првпат стана родител

Поранешниот пејач и познат скопски угостител Адријан Гаџа за првпат стана родител. Радосната вест ја сподели на својот инстаграм-профил преку фотографија на која се гледаат рацете на мајката и новороденчето, кое го нарече својот „мал ангел“.

Фото: Инстаграм/Адријан Гаџа

Иако Гаџа во објавата не го откри официјално полот на приновата, во честитките од неговите блиски пријатели, колеги и соработници доминираат пораки што укажуваат дека семејството добило машко дете.

Фото: Инстаграм/Адријан Гаџа

Адријан , кој неодамна го прослави својот 42-ри роденден, долги години важеше за една од најпознатите пејачи на македонската и регионална музичка сцена. Сепак, во последниот период тој речиси целосно се повлече од музиката, фокусирајќи ја својата енергија на угостителскиот сектор во Скопје.

Адријан Гаџа со партнерката – Фото: Инстаграм/Адријан Гаџа

Својот приватен живот пејачот отсекогаш го држеше подалеку од очите на јавноста. Токму затоа, големо внимание привлече неговата неодамнешна објава на која за првпат ја покажа својата партнерка, со што стана јасно дека парот се подготвува за новото поглавје во животот. Овој среќен настан доаѓа како круна на неговата професионална и лична трансформација, додавајќи ја родителската грижа како негов врвен приоритет во периодот што следува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот