ФОТО: 16-годишната ќерка на Џулија Робертс го привлече вниманието на црвениот тепих во Кан

хејзел дени модер
Фото: Profimedia

Навистина е ретка можност децата на Џулија Робертс и Дени Модер да бидат во центарот на вниманието.

Имено, пред неколку дена ќерката на Џулија и Дени, 16-годишната Хејзел го оствари своето деби појавувајќи се со својот тато на црвениот тепих.

Имено, на славниот филмски фестивал во Кан, сопругот на Робертс и нивната ќерка Хазел Модер, прошетаа на црвениот тепих за прикажување на трилерот на Шон Пен насловен „Flag Day“.

16-годишната Хејзел за оваа пригода носеше кремаст фустан од чипка со широк крој и црни чевли во знакот на модата од 90-тите години. Тинејџерката не носеше шминка и имаше едноставна фризура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Just Jared (@justjared)

 

Џулија и Дени ја добија Хазел и нејзиниот брат близнак Финус уште во ноември 2004 година. Актерката го роди нивниот помлад син Хенри три години подоцна.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот