ФОТО | 106-годишна Филипинка осамна на насловната на филипинскиот „Вог“

Фото: Инстаграм/„Вог Филипини“

Насловната страница на новиот априлски број на филипинското издание на „Вог“ стана вистински хит на друштвените мрежи, а некои дури ја прогласија за најдобрата насловна на сите времиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Philippines (@voguephilippines)

106 годишната тату-артистка Апо Ванг-Од од селото Бускалан на Филипините била инспирација за уредниците на престижното модно спиание „Вог“, и затоа ѝ посветиле огромно внимание на нејзината приказна преку опширен разговор со неа.

„Апо Мариа Ванг-Од Огај ја симболизира силата и убавината на филипинскиот дух. Таа е последната тату-артистка на својата генерација, а симболите на племето Калинга ги тетовирала на илјадници луѓе кои отишле на аџилак во Бускалан“, напишаа во објавата и издвоија еден од нејзините цитати.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Philippines (@voguephilippines)

„Кога ќе ми дојдат посетители од далечни земји, секогаш со задоволство ќе ги истетовирам со симболите на Бускалан и Калинга. Ќе го правам тоа додека сум жива“, изјави Апо Ванг-Од за „Вог“. Апо е најстарата личност која позирала за насловната страница на Вог.

Станува збор за тату-артистка која со децении својата уметност ја пренесува на младите генерации, но луѓето пред сѐ ги фасцинирале фотографиите од Апо кои ги потпишува Арту Непомуцено, како и тоа што од „Вог“ решиле токму неа да ја стават на наслованта страница.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue Philippines (@voguephilippines)

Над 185.000 луѓе ја лајкнаа насловната фотографија на филипински „Вог“ на Инстаграм, а коментарите беа полни со пофалби. Објавата собра повеќе од 2.800 коментари, а ние ќе издвоиме само неколку.

„Каква убава насловна страница“, „Ова е епска насловна на Вог“, „Ова е можеби најубавата насловна страница на Вог досега. Горд сум на вас“, „Прекрасна насловна за изданието за убавина. Покажува како убаво да старееме “, „Ова е веќе легендарна насловна“, „Цел живот чекам вакво нешто“, се само дел од коментарите под објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот