ФОТО | Средба Шекеринска – Тонин: Програмата „Берово“ почнува со обука на 40 македонски пожарникари во Словенија

Радмила Шекеринска
Фото: Министерство за одбрана

Министерката Радмила Шекеринска денеска во рамки на состанокот на СЕДМ имаше билатерална средба со словенечкиот колега, Матеј Тонин.

На средбата е договорено таканаречената програма „Берово“, која ја покрена министерката и која е именувана според подрачјето кое беше најмногу погодено од пожарите, да почне со обука на 40 пожарникари во Словенија, на кои ќе им биде обезбедена и пожарникарска опрема. Обуката, би се одвивала во фази и ќе продолжи и во наредните години.

Заблагодарувајќи се на прифатените идеи за соработка во кризниот менаџмент, министерката ја истакна важноста на регионалната соработка.

– Вашето учество на денешниот состанок освен што е важно за регионот, има и европска компонента бидејќи Словенија е земја претседавач со Советот на ЕУ. Заедничките проекти што ги работиме, како што е програмата „Берово“ се многу позначајни бидејќи се практична демонстрација на соработката а не само потпишување документи, рече Шекеринска.

Радмила Шекеринска
Фото: Министерство за одбрана

Министерот Тонин посочи дека стратешката соработка ќе значи и експертска поддршка за која македонската страна треба да ги истакне потребите.

– Ја имате нашата целосна поддршка и сега и во иднина како за зајакнување на кризниот менаџмент така и за европските аспирации. Можете секогаш да сметате на нашата поддршка, подвлече Тонин.

На средбата стана збор за договорот за стратешка соработка кој е пред финализирање, учеството на Северна Македонија во словенечкиот контингент ва засиленото НАТО присуство во Латвија, и за други прашања од одбранбената соработка на двете земји.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот