Формула 1 возачот Пјер Гасли стана косопственик на француски фудбалски клуб

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Возачот на Формула 1, Пјер Гасли денеска стана нов косопственик на францускиот фудбалски клуб, Версај.

Версај е клуб кој се натпреварува во третата лига во Франција и во овој момент се наоѓа на десеттата позиција на табелата.

„Воодушевен сум што се приклучувам на Версај бидејќи секогаш сум сакал да бидам дел од професионалниот фудбал. Ова е почеток на една убава приказна“, изјави Гасли.

Покрај Гасли двајцата косопственици се Александар Муљез и Фабијан Лазаре. Муљез минатата година влезе во клубот, токму кога Версај поминуваше низ голема финансиска криза.

„Убеден сум дека нашата соработка ќе донесе многу радост на навивачите. Како долгогодишен фан на Формула 1 среќен сум што ќе го имаме Пјер на наша страна. Верувам дека ќе ни помогне да ги оствариме нашите цели“, изјави Муљез.

Засега не се открива со колкав удел Гасли стана дел од сопственичката структура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот