Форбс: САД признаа дека Ф-35 се неуспех

Ф-35 / Фото: EPA-EFE/ROB ENGELAAR

Американското воено воздухопловство го призна неуспехот на програмата Ф-35, која цела деценија беше единствениот обид да се замени главниот американски ловец Ф-16, пишува „Форбс”.

Утврдено е дека, во услови на зголемената конкуренција, дизајнот на Ф-35 бил значително сложен, што го забави развојот, ги зголеми трошоците и ја намали оправданоста на проектот.

Како резултат на тоа, раководителите на воздухопловните сили мораа да го прифатат фактот дека не можат да ги компензираат временски тестираните Ф-16 со Ф-35. Во исто време високи воени лица признаваат дека ќе мора да почне нова програма.

– Разговорите на американските военовоздухопловни сили за неопходноста од создавање нови лесни ловци се премолчено признание дека програмата Ф-35 Молња II не успеала, се вели во написот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот