Фон дер Лејен со пофални зборови: Македонија е светол пример

Фото: ЕПА

Кандидатката за претседател на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен на претставувањето пред политичките фракции во Европскиот парламент ја пофали нашата држава категоризирајќи ја како „светол пример“.

Западниот Балкан мора да се сфати посериозно, а Македонија е светол пример за позитивни постигнувања, порача кандидатката за претседател на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен за време на состанокот со европските либерали, пишуваат германските медиуми, јавува Дојче Веле на македонски јазик.

Фон дер Лејен, како што пренесуваат, се заложила за отворени врати кон земјите од источна Европа и Западниот Балкан кои сакаат членство во ЕУ и особено ја потенцирала Северна Македонија како „светол пример” за тоа, „што е можно да се постигне, кога луѓето пред себе имаат јасно поставена цел- во случајот членството во ЕУ.” и изразила уверување дека мора посериозно да му пристапат на Балканот.

Таа деновиве се обидува да добие поддршка од парламентарните групи во Европскиот парламент за нејзината кандидатура. За да застане на чело на Комисијата потребно и е мнозинство гласови од вкупно 751 пратеници во парламентот.

Фон дер Лејен ја посети Македонија во септември 2018 година, непосредно пред одржувањето на референдумот за името, тогаш како германска министерка за одбрана. Од Скопје, германската политичарка тогаш порача дека посакува „обединета и единствена Европа”, давајќи притоа поддршка за успех на референдумот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот